Драги Крстев е избран за претседател на битолската НСДП

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вечерва во хотелот Епинал во Битола се одржа 11-та Изборна Конференција на Општинската Организација на НСДП Битола, на која присуствуваше Претседателот на НСДП Тито Петковски и  Потпретседателот на партијата Горан Мисовски.

Од страна на 70-те делегати беше избран нов Извршен Одбор, Надзорен Одбор и Претседател на општинската организација.

За претседател на ОО на НСДП Битола е избран М-р Драги Крстев.

Драги Крстев е раководител на правната служба во РЕК, магистер по меѓународно право.

После конференцијата беше одржан коктел, на кој присустваа делегатите, раководството на НСДП и симпатизери на партијата.
Share.