Драматично кај Пехчево и Берово

Манастирот „Св. Петка“ во Пехчево е навреме спасен од пожарот кој беснее повеќе од 10 часа, благодарение на сите вклучени во гаснењето, пренесува Сител.

Продолжува борбата против огнената стихија во Пехчево во која заедничи се борат локалните жители и пожарникарите од повеќе градови во Македонија.

На помош вечерва пристигнааа и екипи од Бугарија со противпожарни возила и пожарникари.
Гори над село Умлена, над село Робово, во близина на село Митрашинци, голем потег со дијаметар од 10 километри и претежно борова шума. Гасењето е отежнато поради непристапниот терен.
Како што вели командирот на Одделението во Територијалната противпожарна единица – Берово, Димитар Букушовски, пожарот е се уште активен иако екипи трет ден учествуваат во негово гасење.
Во реонот беше најавено гаснење со армиски хеликоптери и со хеликоптери што дојдоа на помош од Србија, но истите биле повлечени поради високата температура на воздухот.

фотографии: maleshnet.mk

Сподели