Драма на Меџитлија со албански Мерцедес

0
2900

На 19.03.2018  година во  20.15  часот на Граничниот премин „Меџитлија“, патничко возило „Мерцедес“ со албански национални и регистарски ознаки го напуштило местото за царинска контрола и побегналo. Набргу потоа, од страна на патролен тим кај крстосницата за с.Породин, возилото било запрено и во него биле пронајдени лицата М.Л. (40), М.В. (23), П.Ф. (24) и С.А. (20), сите од Република Албанија. При проверка било констатирано дека само М.Л. имал остварено легален  влез на Граничниот премин „Ќафасан“, додека другите три лица оствариле илегален влез во околината на граничниот премин. Лицата биле приведени и со нив бил извршен службен разговор. На сите им биле издадени решенија за протерување на странец од Република Македонија и за забрана за влез во Република Македонија, соопшти МВР.