Државен или приватен факултет ?

0
340

Резултатите од државниот завод за статистика укажуваат дека во последните неколку години интересот за упис на приватните факултети е горе-долу ист. Се движи од 12 до 13 проценти .
Анкетата на факултети.мк укажува дека 80 отсто од идните студенти го избраа државното образование наспроти приватното. Само 7,8 проценти од анкетираните планираат да се запишат на приватен универзитет.
Анкетата покажа и дека 10,7 проценти ќе се обидат да се запишат на државен, а ако не им успее, ќе одат на приватен факултет.
И податоците од Државниот завод за статистика се поклопуваат со резултатите од анкетата на факултети.мк бидејќи во последните години над 80 отсто од студентите студираат на државните универзитети. Податоците укажуваат дека во последните неколку години интересот за упис на приватните факултети е горе-долу ист. Се движи од 12 до 13 проценти.
Но, има значително опаѓање ако се спореди со академската 2009/2010 година, кога 21 процент од студентите се запишале на приватни високообразовни институции.
Таа година од запишани вкупно 57.894 студенти, 78,7 проценти се одлучиле за државните високообразовни установи. Лани од вкупно запишани 58.083 студенти, 86,6 отсто се запишале на државните високообразовни установи, додека 13 проценти на приватните универзитети.

Најголем дел избираат да се запишат на државен факултет поради ограничените финансии, но исто така голем број веруваат дека таму има поголем квалитет. Сѐ уште постои верувањето дека полесно се доаѓа до диплома на приватен универзитет.
Но сепак изборот е индивидуален.

fakulteti.mk