Државно првенство во футсал во Битола

0
1530

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на општина Битола, денес нашиот град е домаќин на Државното првенство  за основни училишта во  футсал за мажи. Со интонирање на македонската химна и во присуство на ученици од Битола, првенството го отвори градоначалничката Наташа Петровска .

-Особена чест и задоволство ми е што токму во Битола, во нашата општина, се одржува Државното првенство за основни училишта во футсал на најдобрите машки екипи. Сметам дека токму во училишниот спорт е расадникот на спортот во Република Македонија и општините особено треба да посветат внимание на училишниот спорт и најголемите инвестиции треба да се движат во таа насока, затоа што оттаму излегуваат нашите идни генерации, коишто на спортските терени во Република Македонија треба да носат аплаузи и резултати за нашата држава, изјави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Годинава домаќин на Државното првенство  во футсал за мажи , по четврти пат е ОУ Коле Канински од Битола . Ќе се одиграат 4 натпревари, а за најдобрите екипи кои ќе го освојат првото, второто и третото место ќе има пехар. Ќе биде доделена и диплома за најдобар играч.

Државното првенство за основни училишта во футсал за мажи се одржува во спортската сала во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи” во Битола.