ТЕРА

REKLAMA???

ДР.НИКОЛОВСКА: ВРЕМЕТО ДЕЛУВА ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО

Големите температурни разлики делуваат на целокупното здравје на човекот , пред се на психичката состојба.Се поголем е бројот на пациенти со главоболки , психичи проблеми, како незаинтересираност , нерасположеност, но и пациенти со депресивно расположение , кое понекогаш оди и до агресивни состојби-вели др. Васе Николовска од Службата за Итна Медицинска Помош во разговорот за ТВ Тера.

Временските разлики неповолно влијаат и кај пациенти кои имаат проблеми со срцето и варијабилен крвен притисок, но и респираторни проблеми, како бронхит или пак ако неодамна прележале бронхопнеумонија.

На прашањето дали ова значи дека е зголемен обемот на работа во службата за ИМП, др.Николовска вели дека имало благо зголемување, посебно на пациенти со психички проблеми и со покачен крвен притисок.

Во зависност од нивната клиничка слика пациентите или ги третираме кај нас, или ги препраќаме во болница, некои и со наш транспорт, вели др.Николовска.

Во однос на препораките др.Николовска вели дека треба да се консумира пред се овошје и зеленчук, лесна храна и поголеми количини на вода. Облеката да биде прилагодена на моменталните температури, а хронично болните редовно да ја  земаат препишаната терапијата од страна на матичен лекар.