Општина Битола ја објави новогодишната програма која започнува в сабота на 23 декември и ќе трае до 1 јануари 2024 година.
Дневната и вечерната програма ќе бидат во Старата Чаршија и пред платото на Офицерскиот дом.
Вечерната програма на 31 декември е следната:
20:00 – 21:00 – „Eruption Band“
21:00 – 22:00 – „Elicsir band“
22:00 – 23:00 – Група „Чоканче“
23:00 – 00:30 – Дувачки оркестар на Битола и Стендап комедија со Марјан Георгиевски.
Оваа година огномет нема да има. Ланската година имаше, но од маглата не го видовме.











