ДУИ ги демантира информациите за престрелката во Мала Речица

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите ги демантира информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент.

– Демократската унија за интеграција и денес, како и секој друг ден, продолжува со своите вообичаени активнопсти. Ја демантираме секоја информција во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентите кои немаат врска со Демократката унија за интеграција, се вели во соопштението на ДУИ.

Медиумите јавија дека Наим Реџепи од кумановскиот огранок на ДУИ е убиен во синоќешната престрелка во тетовска Мала Речица меѓу две група на членови на албанската владејачка партија од Куманово.

Share.