Дурловски во домашен притвор, за Пешевска мерки на претпазливост

0
343

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи мерката притвор на Игор Дурловски да му ја замени со мерка куќен притвор, а на пратеничката Жаклина Пешевска мерката куќен притвор ѝ се заменува со мерки за претпазливост. Таа има обврска да се јавува на овластено службено лице во судот, ѝ се одзема патната исправа и има забрана за издавање нова патна исправа, како и забрана за приближување и воспоставување, односно одржување контакт со одредени лица.

Освен Дурловски, од притвор во домашен притвор се ослободува и вработената во Собранието, Елена Доцевска-Божиновска.

На другите обвинети судот одлучи да им ги продолжи предвидените мерки притвор и куќен притвор. Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов остануваат во Истражниот затовор „Скопје“. Притворот му е продолжен и на поранешниот министер за внатрешни, Митко Чавков, и на организаторите на протестите „За заедничка Макеоднија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и Владо Јовановски.

На пет лица продолжена им е мерката куќен притвор. Меѓу нив се и пратениците Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал за продолжување на мерките за обезбедување присуство против 35 лица поврзани со настаните од 27 април 2017 година, кои се случија во Собранието на РМ за кривичното дело од член 313 од КЗ, донесе решенија со кои го прифати предлогот на Обвинителството и на К.М., С.В., Љ.А., М.Ч., Д.Л., Г.Ѓ., О.П., О.Р., М.П., А.А., И.Ц., Б.Д., Б.И., В.Ј., М.П., З.С., Ј.Ч., И.С., Г.А., В.Т. и В.М. им ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена, а на Љ.Д., Ј.Т., С.М., С.М., и М.М. им ја продолжи мерката куќен притвор“, соопшти судот.

makfax.com.mk