Д-р Марјан Танушевски, реизбран за претседател на МНД-Битола

0
516

Македонско научно друштво-Битола, одржа редовно изборно Собрание на кое членовите на МНД-Битола донесоа одлука Танушевски и во наредниот две годишен период да ја врши функцијата претседател на Друштвото.

На синоќешната седница на највисокиот орган на МНД-Битола, членовите на Собранието за потпретседател го избраа д-р Деан Илиев, а за претседател на Уредувачкиот Совет, д-р Даниела Андоновска Трајковска.

Избран е и нов состав на Управниот одбор во кој ќе членуваат д-р Лидија Стефановска, д-р Никола Главинче, д-р Екатерина Михељкис, д-р Александар Литовски, д-р Наташа Мојсоска, м-р Зоран Пејковски, д-р Мери Џарлиева и д-р Борис Ангелков.

Надзорниот одбор ќе го предводи д-р Мимоза Богданоска Јовановска, додека етичката комисија ќе ја предводи д-р Нико Јанков.

На изборното Собрание на Македонско научно друштво-Битола беше усвоен Извештајот за работата на Друштвото во изминатите 2 години, како Програмата за работа до 2020 година.