ТЕРА

REKLAMA???

Д-Р ОБЕДНИКОВСКИ НОВ ДИРЕКТОР НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА

Со решение на министерот за здравство Беким Сали, за нов директор на Клиничката болница во Битола е поставен д-р Александар Обедниковски, специјалист ортопед од одделението за Ортопедија и трауматологија во Клиничката болница во Битола.

Д-р Обедниковски средно образование завршил во Битола, медицински факултет во Скопје, потоа специјализација и субспецијализација по ортопедија и трауматологија. Од 2014 година е вработен во Клиничката болница во Битола. Дополнително се едуцирал во Шведска,Србија, Хрватска, Грција, Италија и Франција.

Обедниковски доаѓа на местото на досегашната директорка д-р Билјана Гагачовска.