ЕБОР ги одобри финансиските проекти за „Осломеј 2“ и „Битола 1“

Бордот на директори на ЕБОР на вчерашната седница ги одобри за финансирање проектите за фотонапонските централи „Осломеј 2“ и за „Битола 1“ со вкупна моќност од 30 MW, соопштија од ЕСМ.
„Со нивната реализација, двата капацитети ќе произведуваат околу 51 GWh електрична енергија. Основните проекти за двата капацитети се целосно завршени, а постапките за обезбедување на сите потребни дозволи за реализација течат според предвидената динамика. Се очекува на почетокот на наредната година да биде избран и изведувач на работите за двата проекти“ велат од ЕСМ.
Сподели