ЕУ денеска се очекува да објави нов пакет санкции против Русија, како што беше претходно најавено, вклучително и план за потенцијално намалување на зависноста од руската нафта.
Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен наскоро треба да ги претстави деталите пред Европскиот парламент.
Најважен дел од новиот пакет се очекува да биде ембаргото во фази за увоз на руска нафта.
Исто така, Унгарија и Словачка најверојатно ќе бидат исклучени од овој план, поради нивната зависност од руската нафта.
Германија посочи дека до крајот на годината ќе може да најде начин да се справи без руската нафта, додека другите членки на ЕУ се обидуваат да постигнат нешто слично.












