Европратениците Вајгл, Флекенштајн и Кукан во Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Собранието на Република Македонија утре ќе се одржи 13. Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ – Косап. Гости говорници на конференцијата се и тројката европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.

Конференцијата има две сесии и тоа за Европските перспективи на Западен Балкан и владеењето на правото во Западен Балкан.

На отворањето ќе зборува претседателот на Собранието Талат Џафери, а како гости говорници на сесиите покрај тројцата европратеници се најавени и евроамбасадорот Самуел Жбогар, Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на Европските фондови, амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, како и министрите за надворешни и за правда на Македонија Никола Димитров и Билен Салији.

Организатор е собраниската Комисија за европски прашања. Претседателот на Комисијата Артан Груби вели дека конференцијата се прави во периодот помеѓу објавувањето на Стратегијата за Западен Балкан на ЕК, по посетата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер на Македонија за да се напарви еден вид притисок за Македонија да добие позитивен извештај за напредокот и чиста препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

На конференцијата најавено е учество на 190 партиципанти од Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Турција, Црна Гора и Косово, како и Бугарија, која е актуелен претседавач. Поканети се и претставници на академската заедница во Македонија, четириесетина граѓански организации, како и дипломатскиот кор.

Како што е најавено, на крајот на конференцијата ќе биде усвоена заедничка изјава.

Share.