Десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници, покажуваат излезните анкети од европските избори што се одржаа од четвртокот до денеска во 27-те земји членки на ЕУ, јавува агенцијата МИА.
Денеска е добар ден за Европска народна партија (ЕПП), која победи на европските избори, порача вечерва претседателската на Европската комисија и „шпиценкандидатка“ на ЕПП, Урсула фон дер Лајен пред симпатизерите на партијата во Брисел.
Францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да го распушти Националното собрание, најавувајќи предвремени избори за неколку недели, поради лошите резултати на неговата партија на гласањето за Европскиот парламент. Првиот круг на изборите за Националното собрание ќе се одржи на 30 јуни, а вториот 7 јули, објави Макрон во обраќањето до нацијата.
Нова демократија со 27,58 отсто е прва на европските избори во Грција, според официјалните резултати од Министерството за внатрешни работи, надлежно за изборниот процес, со преброени 40 проценти од гласовите, СИРИЗА добива 14,70 отсто, а ПАСОК 13,43 проценти, јави дописничката на МИА од Атина.











