Шеста година по ред битолскиот униуверзитет „Св. Климент Охридски“ се вклучува во одбележувањето на Еврпската неделна на мобилност, дводневни активности со голем број пријатели на унивезитетот.
Во рамките на активностите се изработува и мурал чија цел е подигнување на свеста кај населението за користење на други алтернативни средства за превоз освен автомобилите.
Денешните активниости опфаќаат и друштвена игра меѓу студенти и средношколци, презентација на тема велосипедскиот сообракај, демонстрација ( симулација) на несреќа со велосипед, презентација на тема „Превенција од ученичко претстапништво во поглед на правото за мобилност“.