Дали ќе одите на азурен брег – Кан, Ница или Сен Тропе, или се подготвувате за Истанбул, Милано или Виена, Будимпешта,Фиренца, Париз или Прага , за дочекот на 2025 година ќе ви бидат потребни околу 500 евра во денарска противвредност по човек. Секако двојно или трипати повеќе се потребни доколку се решите на некои од егзотичните релации надвор од европскиот континент, ама, аранжманите секаде се по 3-5 дена. Сосе влезници за атрактивни места ќе ве чини некаде до 650 евра во денарска противредност, но, тоа е факултативно, па и вие, не мора да изберете се.
Некои од туристичките агенции во Македонија нудат и прошетка по европските новогодишни, односно божикни базари. Европските градови ги местат од средината на ноември, се до 25 декември, некои остануваат отворени до Нова Година.

Божиќните пазари во Виена започнуваат на 8 ноември 2024 година, со свеченостите на пазарот во палатата Шенбрун. Мнозинството, како Ратхаусплац и Шпителберг, се отвораат околу средината на ноември и траат до крајот на декември, а некои продолжуваат до јануари 2025 година. Во Австрија подароците ги носи родот на Христос, а не Божиќ или Дедо Мраз. Ова е причината зошто божиќните пазари таму се нарекуваат и пазари Кристкинд(л). Така е крстен и новогодишниот пазар во Салцбург – многу кулинарски задоволства, ракотворби на кои може да се восхитувате и да ги направите божиќни подароци.
Во Германија еден од најстарите и можеби најпопуларни е божиќниот базар во Нирнберг. Германските специјалитети од колбаци, леб од ѓумбир и варено вино се дел од специфичната арома што го обвиткува базарот. Отворен е од 29 ноември до 24 декември, за отворањето има посебна културно-уметничка програма. Зад градското собрание во овој град има базар на збратимените градови,а на штандовите се наоѓаат производи од Бар, (Црна Гора), Кавала(Грција), Кордоба(Шпанија) и Брашов(Романија). Штандовите се најчесто од граѓански здруженија кои целата заработка ја донираат на некои од своите штитеници.

Французите малку битка водат со Германците околу староста на својот божиќен базар, па за оној во Стразбург, што започнува секоја година на 27 ноември, имаат податок дека првпат се организирал во 1570 година, па се самопрогласиле како главен град на божиќните маркети. Годинава ќе заврши на 27 декември. Божиќните пазари во Стразбур се шират низ центарот на градот, фокусирани на плоштадот Катедрала и Плоштадот Броли, каде што стотици тезги продаваат украси, играчки, храна и варено вино за да ве стоплат додека пребарувате. И се е големо, велат некои од посетителите кои биле силно инспирирани.

И во Брисел има „Зимски Чуда“ – божиќен, новогодишен базар . Овој е најкус во денови и работно време – се отвора на 24 декекмври, се затвора на 31 декември, отворен е од 10 часот до 18.00 часот попладне. За годинава е најавено дека ќе трае до 5 јануари, по барање на занаетчиите и заради религиската разновидност на градот што сега се открива. Зимските чуда вклучуваат повеќе од 200 куќички, туристички атракции: панорамско тркало, вртелешки, лизгалиште за лизгање (Place de Brouckère), Божиќна турнеја (Tootbus) – со автобус по градот , звучно и светлосно шоу секој ден, коцерти на популарни изведувачи, фестивал на музика од светот.












