Егзит и Таксират на листата на најголеми музички фестивали

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Регионалниот фестивал ЕГЗИТ го освои првото место на листата на најголеми музички фестивали во светот според Енциклопедијата World Atlas.

Фестивалот Егзит е повеќекратно наградуван летен фестивал кој достигнува преку 200.000 луѓе од најразлични земји во светот. Заземајќи го првото место, овој фестивал зад себе остави и неколку настани со уште поголема посетеност и подолга историја, па дури и со поголем буџет.

Тоа ни кажува дека листата со најголемите фестивали е составена по многу критериуми и збир на сите фактори, што новото признание за ЕГЗИТ го прави уште поважно! ЕГЗИТ фестивал со години наназад добива признанија од светски ценети медиуми.

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си го става Егзит во најтесниот список на најголеми фестивали во светот, опишувајќи го како фестивал кој „го негува својот револуционерен дух“, „бизнис библијата“ Форбс како главен адут на Егзит ја означи токму програмата на фестивалот.

Тајмс пак, на Егзит му го додели епитеот „Гластонбери на Дунав“, додека Гардијан во својот глобален календар на најдобри светски настани, за јули го издвои токму Егзит, иако овој месец од годината, традиционално е преполн со фестивали ширум светот!

Преку 350.000 фестивалски фанови ширум светот гласаа за своите фаворити, а во годината кога според бројните параметри се одржа и неговото најуспешно издание досега, ЕГЗИТ е повторно меѓу првите десет во главната категорија „Најдобар голем фестивал“.

Покрај Егзит, оваа година во финалето на ова престижно натпреварување влегува и македонскиот ТАКСИРАТ фестивал .

Share.