По повод прославата на патрониот празник на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во годината во која се одбележуваат дватата значајни јубилеи 45 години од основањето на универзитетот и 100 години од почетоците, односно основањето на најстарата единица, Научниот институт за тутун-Прилеп, денеска во Актуел на Тера телевизија, со проф. д-р Игор Неделковски, Ректор на Универзитетот Св. Климент Охридски- Битола.

Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски посочи дека УКЛО со реално остварливи резултати ја продолжува мисијата на својот Патрон при што се нагласени постигнатите успеси, зголемената меѓународна препознатливост, бројот на новозапишани студенти што се дел од силните показатели за академското придвижување на УКЛО како член на европската универзитетска алијанса КОЛОРС. Тој нагласи дека во 2025 г. продолжува проактивното делување на Универзитетот – отворен кон заедницата, поттикнувачки за наставно – научниот кадар и особено за студентите.

Посебнoст на настанот му даде присуството на македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова која до студентите и академската јавност, од позиција на истакнат академски деец, успешен политичар и личност со плоден општествен ангажман, во инспиративното обраќање посочи дека – „Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола не е само чувар на минатото, туку и симбол на иднината – визија која ја овоплотува неуморната жед за знаење, творештво и иновација, ја обединува вековната мудрост со стремежот кон нови хоризонти, каде знаењето и просветителството се водилки на човечкиот напредок и потврда за траен духовен и културен развој“.
Научниот институт за тутун – Прилеп, единица на УКЛО го одбележа дијамантскиот роденден – 100 години фундаментална наука, еден век институционален развој силно вграден во македонската економија, едукација и општество.
Во рамки на јубилејната свеченост, во пресрет на Патронoт св. Климент, оддено е должно внимание кон неговите универзални, трајни вредности како дел од светското цивилизациско наследство.

„Во животот има многу изненадувања. Но има и изненадувања што ќе се паметат цел живот. Ова изненадување што ми го приредија моите, нашите УКЛО студенти е дефинитивно најубавото. Пред преполната сала на Офицерскиот дом во Битола ми доделија благодарница за поддршката што ја добиваат од мене како ректор и од целиот ректорски тим во реализацијата на нивните креативни проекти“ вели Неделковски.












