Еден починат и две повредени на патот Градско-Прилеп

0
2217

Денеска околу 10,10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки управувано од Ј.Г.(30) од Велес  и такси возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Л.(35) од Скопје. Во незгода К.Л. починал на местото на настанот додека сопатничките во возилото, М.И.(64) и А.И.(31) двете од Битола се здобиле со повреди. Повредените се пренесени во болница во Кавадарци, а по укажаната прва помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Собраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање. Увидот е во тек, соопшти МВР.