Единаесет години без Тоше

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На денешен ден пред 11 години загина македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, во тешка сообраќајна несреќа која се случи крај Нова Градишка, на автопатот Загреб-Липовац.

Пејачот почина на 26 годишна возраст.

Движејќи се на патот кон Загреб, Тоше седеше на совозачкото место во автомобилот, со кој управуваше неговиот пријател Ѓорѓи Ѓоргиевски. Возилото удри на страната каде седел Тоше, пришто тој почина на лице место. Во автомобилот покрај Тоше беше и неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, која како и возачот се здоби со полесни повреди.

Цела Македонија плачеше за загубата на Тоше, а останаа неговите дела да не потсетуваат дека нашата земја има еден од најдобрите светски вокали. Гласот на Тоше низ песните кои ги остави и натаму се слуша во земјите од поранешна Југославија.

Проески објави седум албуми, од кои неколку и со превод на српско-хрватски јазик. Последниот „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

 

Share.