Единствена Македонија пред битолчани ја претстави советничката листа

Денеска на три дена до изборите сме во Битола да ја промовираме советничката листа на Единствена Македонија и носителката на листата Мирјана Мирчевски, рече претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

„ Денеска на многубројни средби со граѓаните ги изложуваме нашите програмски точки и принципи на кои што се обврзуваат советниците од Единствена Македонија.  Ние како поартија настапуваме во 33 општини со 33 советнички листи и можам да речам дека имаме многу квалитетни листи бидејќи нашиот главен адут на овие избори е да настапием со чесни и честити кадри со кои ја бараме довербата на овие локални избори. Локалната самоуправа не е спорно дека треба да создава услови за подобар живот на граѓаните ние сме на едно милење дека тука нема некоја филозофија, може општината во секое време да се направи  добро место за живеење, потребно е само чесни и честити кадри кои што се најголем адут на овие избори.  Ги повикувам битолчани: гласајте за ваше добро, гласајте за доброто на Битола,гласајте за доброто на Македонија , гласајте за листите на советници на Единствена Македонија  под бр.19“, рече Бачев.

Сподели