Една година АПЛА.мк

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

За една година на Апла.мк објавени се околу 3000 текстови! Во просек по осум дневно. За 365 дена остварени се над 700 000 прегледи од нивни читатели. Од редакцијата на порталот велат дела ова се бројките со кои нивниот он-лајн портал може да се пофали во првата година од своето постоење.

Апла.мк е млад медиум, на глобалната мрежа постои една година. Сепак за овој краток период се наметна како сериозен портал. Овие бројки се важни зашто како што велат нивниот фокус се исклучиво локалните случувања. Сите три илјади текстови се однесуваат на настани во Битола, Новаци и Могила.

„Текстовите и фотогрфиите се авторски. Тие се наш труд, а не позајмен од некого, а уште помалку краден без да се знае изворот. Кај нас ретко има преземени вести, а никогаш не украдени.. Оттаму без лажна скромност можеме да кажеме дека во изминатите месеци бевме еден од најпренесуваните локални медиуми, ајде да не велиме препишувани. Секојдневно водиме битка со непрофесионални он-лајн медиуми кои крадат вести, прикажувајќи ги како свои. Ќе продолжиме со битката зашто копи –пејст новинарството како црв го јаде професионалнизмот во журналистиката. Копирањето на една иста вест од море портали и блогови , се помалку остава простор за истржувачко и аналитичко новинарство“ велат колегите од АПЛА.мк.

Од редакцијата велат дека да се остане професионален, во време на лажни вести, дезинформации и пропаганда, во време на хаос во медиумскиот простор, посебно во онлајн медиумите, не е предизвик, туку обврска.

„Секојдневно се соочуваме со сензациолистички пристап во порталите. Некакви блогови каде има класична манипулација со читателите. Се објавуваат наслови кои апсолутно немаат допирна точка со содржината. Вести кои ниту минимум не ги задоволуваат професионалните стандарди и во буквална смисла на зборот наликуваат на чаршиски муабети. Овој начин на информирање го контаминира медиусмкиот простор, а публиката го губи чувството да препознае што е професионално пласирана информација, а што лажна вест“ нагласуваат од порталот.

Наспроти ваквото новинарство, иако во помал број, за среќа се уште има професионалци, кои го минуваат потешкиот пат за содзавање точна и објктивна информација. Да се провери веста од неколку извори, да се обезбедат изјави од релевантни лица, да се слушнат сите засегнати страни, да се излезе на терен и да се обезбеди фотографија, за крајниот производ што ќе се понуди на публиката да информира, а не да дезинформира. Ние ветуваме дека бескомпромисно остануваме на курсот на професионалноста“ заклучуваат колегите од АПЛА.мк.

Share.