ТЕРА

REKLAMA???

ЕДНА ГОДИНА ПОСТОЕЊЕ ГАЛЕРИЈА И МУЗЕЈ „РАНКО СТРУМЕНИКОВСКИ“

Во семејната куќа на уметникот Ранко Струмениковски, во Битола, која сега е во најголем дел реновирана, пред точно една година беше отворен музеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“. Овој уметнички простор е направен и модерно уреден и отворен по повод 85 години од раѓањето на Струмениковски. По тој повод беше организиран настан за одбележување на годишнината од отворањето на Галеријата, и средба на творештвото и уметничките енергии на битолските и македонски Великани: Васко Ташковски и Ранко Струмениковски, а по повод децении во лично и непосредно пријателство и другарување, почит и делење на заедничката животна и уметничка и творечка судбина.

Голем број уметници, вљубеници во уметноста  присуствуваа на настанот. Изложбата насловена како “Графичка средба на двајца битолски и македонски великани“ се организираше и во чест на 17. ноември датумот на раѓање на уметникот Ранко Струмениковски.

Во музејот, галерија и атејле се сместени околу педесетина графики на Струмениковски, дел од изработените логоа и дел од неговите лични работи, на два ката, кои се убаво и наменски уредени. Присутните имаа можност во еден пријатен простор и атмосфера да уживаат во  изложените  дела од обемното графичко творештво на двајцата уметници. Изложбата ја отвори  новинарот Драган Ристевски. Ликовниот уметник Панде Петровски даде еден уметнички осврт на изложбата. Тања Струмениковска ќерка на Ранко читаше поезија од нејзиниот татко.