Една од жртвите од Бучин, другата од Кочани

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Идентификувани се две од трите загинати лица во несреќата кај Лесковац, Србија.

Како што информираат од МНР,  загинатиот патник е машко лице од село Бучин, Крушевско, на возраст од 68 години, втората идентификувана жртва е жена на возраст од 68 години од Кочани.

На двете лица им бил утврден идентитетот од личните документи. Кај третата жртва не се пронајдени документи и за сега немаме потврда за нејзиниот идентитет.

Има вкупно 32 повредени лица, од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, од кои 4 се на хирургија, 1 на ортопедија.

Четворицата повредени со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш.

Од МНР велат дека на сите ќе им биде озбезбедено сместување,  за повредените кои би биле пуштени од болница, доколку имаат потреба за преноќување.

Како што веќе е познато автобусот е со струшки регистарски ознаки, а тргнал од Битола на пат за Виена.

Share.