Една сообраќајка и два грабежа во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес (23-Февруари)во околу 02 часот и четириесет минути  од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во маркет лоциран на ул.Браќа Миладиновци на начин што сторителот ги пресекол алките за катанецот и алката на катанецот, со алат делувал на вратата и касата во пределот на бравата, ја отворил вратата влегол во маркетот и одзел коњак 15 парчина по 100мл, и околу 25 штеки со разни цигари.

Вчера во 23 часот и 30 минути на ул.„Партизанска“ во непосредна близина на Симпо во Битола случена е сообраќајна незгода во која учествивале три патнички моторни возила:„Мерцедес“ со скопски  регистарски таблици, управувано од триесет и осум годишен битолчанец,„Волсваген Пасат“со битолски регистарски таблици управувано од дваесет и пет годишен битолчанец и „Волсваген Пасат со битолски  регистарски таблици управувано од дваесет и пет годишен битолчанец . Во несреќата  со телесни повреди- набиеници на глава се здобил дваесет и пет годишниот возач на “Пасат” како и две сопатнички од истото возило на возраст од осумнаесет и деветнаесет години ,кои се здобиле со набиеници на глава и грб.Со набиеници на грб се здобил и возачот на другото возило „Волсваген Пасат“.

Исто така вчера во околу 20 часот во Секторот за внатрешни работи Битола пријавено е  “Разбојништво од страна на вработена во аптека лоцирана на “ул.“Филип Втори Македонски“.Непознато машко лице влегло во аптеката и веднаш се упатило позади работното биро, каде што вработените го броеле дневниот промет,извадил и репетирал пиштол, и откако ги зел парите, и еден мобиелн  телефон се дал во бегство, се вели во соопштението од СВР Битола.

Share.