ТЕРА

REKLAMA???

„ЕДНА СЦЕНА, ЗВУК НА СВЕТОТ“-15.ФЕСТИВАЛ НА МУЗИКА ОД СВЕТОТ ВО БИТОЛА

Под мотото „Една сцена, звук на светот”, од 23-ти до 25-ти ноември во Битола ќе се одржи годинешното, 15-то по ред издание на Фестивалот на музика од светот. Овој, по многу нешта специфичен фестивал, го става нашиот град на познатата светска листа на градови кои го слават жанрот „world music“.
На прес конференцијата директорката Маја Андоновска Илијевски информираше околу годинешното издание.

15. издание ќе понуди аудитивна авантура на светската музика, токму од срцето на Битола, од базата на традициите, па сѐ до врвовите на музиката на новото време, програмата на ова издание е прослава на универзалниот јазик на музиката од светот. Она што е карактеристично за годинешното издание на фестивалот е настапот на Лајбах,  имено Битола е дел од нивната приказна која ќе се случува низ европските градови, Love is still alive. Тие ќе одржат целовечерен концерт во големата сала на Центарот за култура, едно визуелно,музичко и театарско доживување.

Фестивалот последните години има и своја ОФФ програма.

Светот се спојува на една сцена токму во Битола преку Фестивалот на музика од светот. Во изминатите години на фестивалот настапија: познатата светска фадо пејачка Јоана Амендоеира, „Фонтана“ & Камерниот оркестар на Битола со специјалните гости Даница Крстиќ – вокал, Р.Србија, Ангел Демирев – гитара, Р.Бугарија и Џамбо Агушев – труба,Македонија, Лилит , LIBERQUATRO TANGO ENSEMBLE од Србија, Билјана Биља Крстиќ, Јелена Томашевиќ, Џамбо Агушеви оркестар и многу други.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и од Општина Битола.