Едни без возачка други под дејство на алхохол

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

За само 6 дена од месец февруари кога битолската полиција вршела сообраќајна контрола на возилата регистрирала дека 255 возачи го управувале своето возило со поголема максимална брзина од дозволената, 63 лица возеле без возачка дозвола а дури 32 лица го управувале своето возило под дејство на алхохол.

Последниот полициски извештај е за изминатиот викенд. Полициските службеници вршеле контрола контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  појас, светло и алкохол, во сите полициски станици  при што биле контролирани 1303 возачи и возила. При контролата, констатирано е дека 110 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 23возачи управувале без возачка дозвола, кај 11 возачи е  откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај исто така 4возила биле технички неисправни и истите се испратени на технички преглед. Писмено опоменати се 26возачи ,а на 161возачи  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 52прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 42 видови останати прекршоци.

Share.