Едногласно се договорија да бараат субвенционирана струја за Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Советот на Општина Битола денес едногласно го прифати предлогот на независната советничка група „Поинаку“ да побара од Владата на првата следна седница, Битола да добие субвенционирана цена на струјата поради загадувањето што го трпи од комбинатот РЕК кој е во близина на градот.

„Ова го бараме зашто во наша близина е еден од најголемите загадувачи РЕК Битола кој обезбедува 75 проценти од струјата во Македонија. Бројот на заболени од малигни неоплазми или лошото како што се нарекува е во постојан пораст во Битола. До моментот на гасификација, ако ја дочекаме живи, Битола мора да биде заштитена од загадувањето зашто врз него влијае и начинот на загревање на домвите и јавните институции”, рече Иван Чулакоски.

Претседателот на Советот Валентин Груевски соопшти дека денеска Советот донесе едногласен заклучок дека треба да побара од Владата на РМ, на првата седница да ги разгледа сите можности за добивање субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола.

„Со ова гласање покажавме дека можеме да бидеме различни од претходниците, дека меѓу нас има разлика и во размислувањата и во начините на сваќањето на политиката и политиканството, и нема разлика дали сме опозиција или позиција“ вели Груевски.

Share.