Битолската полиција соопшти дека во 14.57 часот на излезот на Битола према Демир Хисар, кај надвозникот случена е сообраќајна несреќа помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од 25 годишно лице од с.Вирово, демирхисарско кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика и патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки управувано од 36 годишно лице од Битола.
Според соопштението на полицијата во несреќата на лице место починал совозачот на патничкото возило 42 годишно лице од Битола.
Сите 18 патници од комбето и возачот на комбето како и возачот на патничкото моторно возило се пренесени во Клиничка болница Битола за санирање на повредите.
Исто така од СВР Битола соопштија дека од 15:30 часот кај м.в Трафостаница и вршење на увид, моторниот сообраќај беше пренасочен према А-3 Битола- Прилеп-Ресен (обиколен пат ). Од 17:55 часот сообраќајот е пуштен за сите видови на возила.












