Едукативна брошура за „Објави ме“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Објави ме“ емисијата која секоја недела се емитува на програмата на Тера телевизија влегува во својата завршница. Целта на серијалот беше едукација на публиката за медиумската писменост. И ова не беше вообичаен телевизиски серијал, туку улогата на репортери ја препуштивме на други.

mockups-design.com / www.graficzny.com.pl

За медиумските работници ова беше исто така добра можност да се соочат со граѓаните репортери, односно заедно да работат на создавање на телевизиски продукт.

mockups-design.com / www.graficzny.com.pl

Од невладината МКЦ Битола велат дека и за нив било интересно тоа што проектот понуди можност граѓаните кои се јавија на повикот за репортери да видат како работат новинарите во медиумите, односно како тие продуцираат вести, колку е тоа лесно или пак тешко.

mockups-design.com / www.graficzny.com.pl

Беа обработени дваесетина теми кои често создаваат кај одредена публика сомнеж во начинот и изворот на информирање.

mockups-design.com / www.graficzny.com.pl

За едукацијата да продолжи, проектот продуцираше и едукативна брошура.


Осум невладини заедно со исто толку медиуми како партнери реализираат различни активности со кои ја едуцираа јавноста и своите целни групи како критички да ги перцепираат медиумските содржини, но исто така и да ги употребуваат медиумите за промоција на своите барања и интереси.
Коалицијата за медиумска писменост е основана од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, Нова Македонија и Инситутот за различности во медиумите од Лондон.

Share.