Еквадор му го блокираше интернет пристапот на Асанж

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Владата на Еквадор објави дека на основачот на Викиликс Џулијан Асанж му ја прекинува комуникацијата со лица надвор од еквадорската амбасада во Лондон, пренесе АФП.

Се наведува дека владините претставници соопштиле дека ја користат оваа мерка како одговор на неодамнешните активности на Асанж на социјалните мрежи.

Според договорот постигнат со владата на Еквадор, на Асанж не му е дозволено да испраќа било какви пораки кои би можеле да претставуваат мешање во односите на оваа јужноамериканска држава со другите земји.

Share.