КЈП ,,Нискоградба” Битола со работни екипи и расположива механизација ги реализира своите тековни активности на следниве локации:
– Распостилање на гребен асфалт низ улиците на селата Кременица и Меџитлија.

-Во новиот парк кај Нова Битола-Довлеџик продолжува оформување на контурите на патеките, кои ќе се обложуваат со бекатон плочки.

-На улица ,,Студенска” во населба Недопирливи се продолжува со започнатите работи.













