Неколку тезги и малку купувачи, ваква е сликата во битолскиот Безистен на десеттина дена пред Новата година. Сведоци сме дека во годините наназад токму овој објект беше место каде се нудеа најразлични новогидишни украси, балони, честитки, сијалички и што уште не.
Сега ниту оддалеку неможеше да се почувствува, некогашната предпразнична атмосфера. Продавачите велат дека состојбата е многу полоша во однос на минатите години, дури и од претходните неколку кога се соочувавме со ковид пандемијата.
И граганите кои ги анкетиравме, се жалат на слабата куповна моќ, велат цените на се се двојно повисоки , а месечните примања не им дозволуваат да се опуштаат во пазарењето, па затоа го купуваат само она што им е најнеопходно.
Децата се сепак оние кои најмногу се радуваат на новогодишните подароци кои ги добиваат од блиските.
Сепак сите се надеваат на истото, дека 2023 година ке биде подобра за сите, ќе донесе пред се добро здравје и благосостојба. Дотогаш сите во рамките на своите можности се подготвуваат за нејзиниот дочек, а според досегашната пракса последните денови пред новата година се очекува поголема раздвиженост низ градот и поголема потрошувачка како на новогодишни украси така и на храна и се друго.












