Млади од неколку европски држави во Битола разговараат за еко бизнис идеи. Зелените размилувања се нашата иднина, односно како да се престроиме во европската зелена агенда и во делот на претприемништвото.

Младинскиот совет-нова генерација од Скопје организира тренинг курс во рамките на проектот Еко претприемништво-зелена иднина. Две годишен проект, а денoвиве вториот тренинг во рамките на осум држави кои разговараат за еко бизнис и еко идеи. Домаќин во Битола е Сфера интернешнл.
„Тоа е за како Европа може да стане одржлива и зелена во наредниот период. Овие осум држави, по тројца млади доаѓаат од различни држави за да разговараат и да споделат искуства за нивни добри практики во нивните држави на зелени бизниси, но исто така да видат и што ние како држава и нудиме на Европа, што можеме да понудиме, иако како земја која што сакаме да бидеме дел од Европската унија, да знаат дека има премногу зелени бизниси, ние вложуваме во тоа да можат тие да бидат одржливи и секако зеленото претприемништво станува се популарно како што се развиваат и другите гранки во нашата држава“ вели Милчо Дули од Сфера.

Прашавме дали и колку ние како држава ги имаме капацитетите за вакво престројување?
„Мислам дека да. Според тоа што го видовме што нудат другите држави како што се Хрватска, Бугарија, видовме слични бизниси на нашите кои што се развиваат или некои мали семејни бизниси кои кај нас ги има веќе долго време како некои еко-фарми кои што не се сертифицирани според стандардите на Европската унија за да бидат некој зелен бизнис, така што навистина ние имаме потенцијал, но се уште не сме влезени во таа легислатива за да може да биде сертифицирано и да кажеме да тие се зелени бизниси, да тие имаат потенцијал за да донесат туристи, за да промовираат нешто и ткн. Кај нас значи фали тој правен систем да ги реши овие мали бизниси семејни за да можат да станат дел од таа мапа на зелени бизниси во Европа и секако дел од туристичката понуда“ вели тој.

Какви се зелените идеи во Европа? Со нас својот пример го сподели Хасип од Шведска.
„Сум работел на многу зелени идеи. Идејата на која што моментално работам е зелена идеја за во градежништвото, како градежништвото да користи материјали кои што се разградливи и кои што се еколошки за општеството во време на реконструкција. Мислам дека возможно е, потенцијалот го има во сите држави и со овој вид на тренинзи и семинари младите можат да видат различни приказни и да се инспирираат да создадат нешто вакво, нешто слично. Најважна е идејата, а се друго е возможно“ вели Мухамед Хасип Асиф од Шведска.

Прававме кој позелено размислува, тие или ние?
„Мислам дека секако Шведска размислува позелено или поодржливо во ситуацијата, секако и Македонија се стреми кон тоа“ вели тој.
На проектот присуствуваат 28 млади луѓе, младински работници, претставници на невладини организации, студенти и наставници. Настанот обедини идеи и учесници од С. Македонија, Србија, Бугарија, Шпанија, Франција, Полска, Литванија и Шведска.












