Во рамките на посетата на Унгарија и политичките консултации во Министерството за надворешни работи и трговија, средбите со претставниците на кабинетите на премиерот, претседателката, Националното собрание на Унгарија и претставници од невладиниот сектор, Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Филип Тосевски, го посети и Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ.

„Прекрасно беше чувството да се разговара со дел од младите студенти од Унгарија кои го учат и зборуваат македонскиот јазик“, изјави Тосески.
Лекторот Панзов го информираше за програмите, како и настаните во рамките на одбележување 35 години Македонски лекторат во Будимпешта.

„Радува податокот што има голем интерес па во тек на семестар има околу 20 до 40 студенти“, рече Панзов.
На оваа посета и претходеше посета на Македонската амбасада во Будимпешта, каде Тосевски се запозна со дел од Македонците кои живеат во унгарската престолнина.

Погледнете повеќе од видеото во продолжение.












