„Ексклузивно на ТВ – Македонските Чарлиеви ангели“

0
295

Со наслов „Ексклузивно на ТВ – Македонските Чарлиеви ангели“ белградската ТВ Н1, која е регионална подружница на американската Си-Ен-Ен, за денеска во ударниот термин во 20:00 часот го најавува документарниот филм посветен на трите македонски специјални јавни обвинителки од СЈО, Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Во време на длабока и долготрајна политичка криза, три жени, специјални обвинителки, се појавија како симбол на вистината, правдата и на храброста. Станаа симбол и на шарената револуција. Имаа обврска да исполнат голема задача во краток временски период, се вели во најавата за документарниот филм.

ТВ Н1 е првата регионална и локална 24 часовна платформа (ТВ, веб и мобилна) за емитување на вести и актуелности за над 20 милиони гледачи на Балканот и со продукциските центри во Белград, Сараево и Загреб, таа е ексклузивен информативен партнер на Си-Ен-Ен.

slobodenpecat.mk