Експлозии се слушнаа утрово во Киев, набргу откако се огласија сирените за воздушна тревога. Градоначачникот Витали Кличко изјави дека експлозии имало во централната област Шевченкивски и дека итните служби се на терен.
„Нашата противвоздушна одбрана собори тринаесет дронови од иранско производство. Делови од дрон погодија две административни згради“, кажа Кличко.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските системи за против воздушна одбрана собориле 13 беспилотни летала камикази од иранско производство, кои го таргетираа главниот град Киев претходно истиот ден.
„Русија утрово започна со напади со 13 шахиди… сите 13 беа соборени од нашите украински системи за противвоздушна одбрана“, рече Зеленски во видео обраќањето на социјалните мрежи.












