Експлозија во Лондон за време на прослава на еврејски празник

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Триесетина лица се повредени во експлозија во Лондон што се случи откако голем број луѓе се собраа на прослава на еврејски празник кога традиционално се палат огнови, јавија лондонски медиуми.

Весникот Дејли експрес објави дека се повредени 30 луѓе од кои 10 се хоспитализирани.

Според медиумот, експлозијата во Стамфорд Хил во северниот дел од Лондон,  е предизвикана најверојатно преку мобилен телефон.

Би-Би-Си јавува за 10 повредени луѓе, според соопштение на полицијата.

МИА

Share.