Експлозија на бомба во Подгорица, едно лице загина (Видео)

0
242

Маж загина во експлозија, која се случи вечерва околу 19 часот во подземна гаража на Римскиот плоштад во Подгорица.

РТЦГ, повикувајќи се на неофицијални информации, информира дека бомбата била ставена под автомобил и била активирана додека возилото се движело.

По една силна, се слушнале и две послаби детонации.

ЦдМ наведува дека од полиција им било кажано дека се работи за пресметка на криминалани групи.

Полицијата го блокираше влезот во гаражата, а на местото на настанот се наоѓа и екипа на Брза помош и пожарникари.

faktor.mk