Експлозија на Менхетен, приведено едно лице

0
346

Утрово во централниот ден на Менхетн одекнала силна експлозија, по што едно лице е приведено. Во моментов нема информации за повредени, ниту, пак, е утврдена причината за експлозијата.

Неофицијално, според првичните нинформации се работело за обид за терористички напад, а напаѓачот носел две експлозивни направи, од кои едната била прицврстена на неговото тело. Очевидци велат дека станува збор за маж на 20-годишна возраст.

Полицијата сè уште не ги потврди овие наводи. Согласно со првичните извештаи, властите појаснија дека била наредена итна евакуација на метро-станиците кои се наоѓаат во близина.

„Полицијата во Њујорк се отповика на сигнал за експлозија од непознато потекло на 42. и 8. авенија во Менхетен. А, Ц и Е линиите на метрото беа евакуирани“, стои во соопштението на полицијата, објавено на официјалниот профил на социјалната мрежа „Твитер “.

Очевидец вели дека слушнал две експлозии.

„Од она што го слушнав, изгледаше како да доаѓа од подземната железница, но само претпоставувам. Имаше две одделни експлозии. Насекаде имаше полиција. Беше многу чудно, хаотично, но не видов повредени”, раскажува очевидецот.