Експресна средба – Шест минути траеше состанокот меѓу Заев и Иванов

0
1120

Само шест минути траеше средбата на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, го информираа претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција.

Како што информира репортерот на „Макфакс“, владиното возило со полициска придружба, во претседателската резиденција пристигнало во 10.03 минути, а Вила Водно ја напуштило во 10.09 минути, по што портите биле затворени.

линк