Електрометал во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 350 метри квадратни на две нивоа денеска во Битола беше отворен новиот салон на Електрометал. Целта е нивните производи да бидат поблиску до граѓаните.Во салонon се изложени над 4000 артикли од електрика, железарија, бои и лакови, алати, опрема за заштита при работа, водовод, санитарија, плочки, белатехника, греење, домаќинство.А како почнува нивната приказна?

Електроелемент постои од 1949 година, па до ден денес има константен пораст. Се шириме во Македонија. Она што е ново е што сакаме да сме поблиску до купувачите да им понудиме се што поседуваме од асортиман. Ова во Битола е 7-ми салон кој што го отвораме за само 7 месеци според новиот концепт„Мајсто“. Во Битола сме на 350 метри квадратни, во салон со две нивоа каде што нудиме над 4 илјади артикли. Се наоѓаме на ул.Партизанска. Со отворањето на салонот веднаш нудиме 15% попуст на целиот асортиман и сето тоа се поклопува и со нашиот пролетен базар на кој што нудиме исто така 15 % попуст, изјави раководителот на малопродажната подружница Електро елемент Александар Медарски.

Новото ентериерно уредување во нивните изложбени салони и начинот на купување е само дел од промената со која сакааат да бидат поблиски до купупавачите. Прашавме зошто новиот концепт го нарекоа „Мајстор“?

-Го нарековме новиот концепт „Мајстор“ кој иако не е само асортиман за мајстори, меѓутоа тоа е асортиман за оние луѓе кои што знаат што сакаат, кој што сакаат ентузијастички можеби нешто сами да поправат дома, за мајстори, инсталатери, водоинсталатери, молери и нормално индивидуално за секој кој што сака да купи се она што му е потребно за домот, кога станува збор за реновирање, вели Медарски.

Она што ги прави поразлични од конкуренцијата е квалитот на производите кои гo нудат а застапници се и на голем број брендови.

Планираат да отворат 22 филијали низ Македонија а откако ќе ја постигнат таа цел нивниот план е нивните производи да се најдат и на европскиот пазар.

Моментално нивните производи сите заинтересирани можат да ги погледнат и на нивната веб страна, а до крајот на годината планираат истата да биде достапна за граѓаните каде што ќе можат да пазарат онлине. Новиот продажен салон во Битола се наоѓа на улицата Партизанска во населбата Златен рид.

Share.