ЕЛЕМ: Моравме да склучиме договор за ископ на јаглен во итна постапка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од државната компанија ЕЛЕМ велат дека биле принудени да склучат договор со фирмата „Пелистер“ во итна постапка за ископ на јаглен, поради раскинување на договорот со „Трансмет“, која се повлекла од добиениот тендер.

„Поради таквата ситуација, настана застој во ископот на јаглен во РЕК „Битола“, по што ЕЛЕМ пристапи кон распишување нов тендер за ископ, а периодот од три месеци до избор на нова фирма на тендерот се покри со склучување привремен договор со една од фирмите што беа поканети во РЕК „Битола“ да ги изнесат своите понуди и да понудат услови за ископ на јаглен во наведениот привремен период“, велат од ЕЛЕМ.

Од таму додаваат дека договорот со новата фирма, која ќе добие 2,5 милиони евра, не може да трае подолго од една година, бидејќи акционерското друштво не можело да го предвиди времетраењето на тендерските постапки за избор на нов ископувач на јаглен.

„Наведено е дека важноста на договорот со „Пелистер“ прекинува кога на тендерот, кој е распишан преку јавна е-аукција, ќе биде избрана нова фирма за ископ на јаглен за РЕК ‘Битола’, што се очекува да биде реализирано во следните три месеци“, додаваат од ЕЛЕМ, пишува Фокус.

Претходно „Макфакс“ објави дека за два месеца приватните фирми преку итни договори од ЕЛЕМ инкасирале повеќе од 3 милиони евра.

Share.