ЕЛЕМ распиша тендер за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола

0
1057

АД Електрани на Македонија распиша тендер за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Проценетата вредност на оваа јавна набавка е 320.000.000,00 денари.

Тендерот се однесува за една година, не е делив и се бара најниска цена.

Претходно ЕЛЕМ го раскина договорот со фирмата Трансмет, поради како што беше тогаш соопштено неисполнување на обврските од договорот.