ЕЛЕМ ТУРС за ски-центарот Копанки

0
1329

По барањето и критиките од пратеникот Милевски, со писмена реакција се огласија од ЕЛЕМ ТУРС во која се вели:

„Во ски-центарот Копанки во моментов нема услови за скијање поради топење на снегот и од таа причина ски-лифтот на Копанки не работи. По завршувањето на викендот, поради новонастанатата состојба со високи температури и врнежи од дожд кои ја стопија снежната покривка, а треба да се земе предвид и фактот дека во работните денови има многу слаба заинтересираност од посетители, одлучено е центарот да не работи во текот на неделата, додека пак во текот на следниот викенд, доколку има нови врнежи од снег, истиот повторно ќе биде отворен. Во прилог се дадени фотографии од патеката направени во текот на денешниот ден, кои ги ставаме на Ваш увид и на увид на јавноста за подобро информирање, а од кои се гледа состојбата на ски-патеките. Исто така сакаме да информираме дека поради неработењето на ски-лифот во текот на работните денови од оваа недела ниеден работник нема да изгуби ангажман, од причина што за опслужување на жичарата се ангажирани сезонски работници кои имаат договор со одредено времетраење за потребите на зимската сезона. Сакаме да нагласиме и дека ски – центарот „Копанки“ во овој период полека се подготвува за заокружување на зимската сезона и работи на содржините за пролетната и летната сезона“ стои во соопштението на ЕЛЕМ ТУРС.