ЕЛЕМ ќе одвои 20 милиони евра за заштита на животната средина

0
290

Електрани на Македонија во својата Годишна инвестициска програма ќе одвои 20 милиони евра за еколошки проекти со кои ќе придонесе во заштитата на животната средина.

Меѓу другото предвидени се финансиски средства и за реконструкција на електростатските филтри и за намалување на емисиите на прашина во РЕК Битола.

– Сметаме дека сумата која е издвоена е крајно сериозна и ќе придонесе кон подобрување на аерозагадувањето во Битола и околината – изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Годишната инвестициска програма на ЕЛЕМ за 2018 година беше разгледана на вчерашната владина седница.