Елеци за безбедно преминување за првачињата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта продолжи со реализирање на кампањата за подигање на свеста за поголема безбедност на децата во сообраќајот – „Безбедно дете – за безбедна и сигурна иднина“. Целта на оваа сообраќајно-воспитна и едукативна кампања е што поголем број ученици да бидат едуцирани и информирани за основните правила и прописи во сообраќајот и за ризикот и опасностите на кои секојдневно се изложени во сообраќајот. Целта е и да се насочи вниманието на возачите и надлежните институции кон имплементација на мерки и активности за поголема безбедност на децата во сообраќајот.

Претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска истакна дека на децата им беа доделени фосфорни елечиња со цел да се зголеми нивната видливост кога преминуваат преку улица. На првачињата им беше одржано и едукативно предавање, а заедно со елечињата преминуваа и на крстосница.

Овие активности се поддржани од СВР Битола.

Од РСБСП посочуваат дека ниту еден родител, наставник, возач, не смее да го потцени ризикот што го носи сообраќајот по животот и здравјето на децата, и дека обврска на секој родител, старател, наставник, обврска на општеството е да ги заштити децата во сообраќајот.

Share.