Елизабета Наумовска ќе биде заменик министер за образование

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ донесени се неколку предлози за кадровски решенија и во партијата и во извршната власта.

Претседателот на партијата и премиер Зоран Заев по седницата изјави дека ќе предложи неколку решенија за еден нов министер за финансии и  двајца заменици во образование и економија.

До Собранието ќе достави предлог со новите имиња.  За нов министер за финансии предложена е Нина Ангеловска, Кирил Колемишоски за нов министер за економија и Неџат Мехмедовиќ за заменик министер во министерството за политики систем.

За заменик министер за образование и наука ќе биде предложена битолчанката Елизабета Наумовска.

Таа неодамна беше избрана за претседател на Комисијата за образование и наука во централата на партијата во Скопје.

Наумовска претходно беше член во истата комисија. Околу 10 години е Претседател на Комисијата за образование во битолската СДСМ.

Таа е професор по физика и магистер по човечки ресурси и  директор во СОУ „Таки Даскало“ во Битола.

Share.