Емисија посветена на Европското ракометно првенство-разговор со Стевче Стефановски

0
1035

 

Од 12 ти до 28 ми јанури, вљубениците на ракометот ќе имаат можност да ги следат натпреварите од Европското ракометно првенство за мажи коие оваа година се игра во Хрватска и тоа во Загреб и Сплит.

Тера телевизија со специјална емисија посветена на првенството и тоа од студио со ракометната легенда Стевче Стефановски и диркетно од Хрватска со Зоран Мишевски.

-Со оглед на тоа дека Хрватска е подостапна за нашите фанови, кои се големи фанатици за ракометот, во тој случај нема да има дилеми – Раул Гонзалез и неговите избраници ќе го имаат на располагање најважниот играч – „Фалангата“-вели Стефановски.

Македонија  е во група со Германија, Словенија и Црна Гора. Првата средба ја играме против Словенија на 13-ти јануари, два дена подоцна се среќаваме со Црна Гора, додека во последната средба во групата противник ќе ни биде актуелниот европски шампион, Германија.

Специјалната емисија започнува на 12-ти јануари со почеток од 17.30.